10.03.2018 - Новата технологија, иако има многу позитивни страни, таа негативно влијае врз вештината на пишување

Компјутерите, паметните телефони и таблетите се повеќе го заменуваат пишувањето со рака. Покрај позитивните страни на новата технологија, таа негативно влијае врз вештината на пишување, а притоа и размислувањето и начинот на изразување, не само кај децата, туку и кај возрасните. При типкањето по тастатура не се внимава на правописот, односно правилата кои постојат во нашиот јазик.

Одделенската наставничка Драгица Јованоска, со долгогодишен работен стаж како просветен работник, прави споредба во годините кога во училиштата постоел час по краснопис и сега кога учениците се повеќе се потпираат на технологијата.

Според Јованоска, пишувањето не е само убав ракопис на детето, туку и размислување како треба да го напише текстот и да ги поврзе зборовите во една целосна реченица. Пишувањето со рака подразбира и употреба на кирилично писмо.

Психолозите и невролозите им порачуваат на родителите да им ја ограничат употребата на тастатурите, компјутерите и паметните телефони на своите деца и во рацете да им дадат моливи, боички и четки за да ги стимулираат не само мозочниот развој и креативноста туку и нивната моторика.

Данијела Билбилоска



 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.