09.03.2018 - Глобалната трка на мирот помина низ Тетово




Денес за прв пат штефетна палка на мирот пристигна и помина низ Тетово. Трката на мирот како што се нарекува настанот, за прв пат се одржал пред 31 година, а оттогаш секоја втора година интернационален тим на маратонци минува низ 49 земји за 7 месеци.


Под мотото "Твој е првиот чекор" низ тетовските улици на интернационален тим на маратонци денес им се приклучија ученици од училиштата во Тетово и сите заедно дотрчаа до зградата на општина Тетово.

Трката за мир е најголемата глобална штефетна трка која ја предводат тим на маратонци, волонтери, кои со запален факел поминуваат низ многу држави на различни континенти, поврзувајќИ ги различните култури И националности, пренесувајќи порака за мир, единство и разбирање.


Од основањето во 1987 година интернационалниот тим на маратонци пропатува низ државите на 150 нации. На европскиот континент трката на мирот се одржува на секои две години, а на секоја од нив се трчаат 24 илјади километриц.

Штефетна палка на мирот годинава за прв пат пристигна во Македонија на 7 март во Гевгелија. Денес маратонците од Скопје дотрчаа до Тетово, па во Гостивар, а утре од Гостивар ќе трчаат за Маврово и Дебар. Маратонците после трката на мирот во Струга на 12 март ќе ја напуштат Македонија.



Наташа Петровска

 
     


 
 
22.06.2018 - За викендов е закажан меморијалниот марш Марко Илиевски во организација на планинарскиот клуб Тетекс од Тетово

21.06.2018 - Здружението Институт за развој на заедницата заедно со своите партнери развија методологија за дистрибуција на средства од буџетот на општината

21.06.2018 - 52-годишен жител на Јажинце вчеравечер во полиција пријавил физички напад

21.06.2018 - Јетон Беќири е новиот тренер на фудбалскиот клуб Ренова

20.06.2018 - Тетовската полиција затекнала две лица кои се приведени поради сомневање за нелегална сеча на дрва

20.06.2018 - Тетовските пожарникари подготвени да се справат со предизвиците кои ги наметнува летниот период

19.06.2018 - Приведен дваесет и тригодишник од Порој, кој претходно бил баран со потерница

19.06.2018 - Од денес во Тетово се одржува седмото издание на филмскиот фестивал "Вач аут"

18.06.2018 - In memoriam Почина проф. д-р Вулнет Палоши

18.06.2018 - Денес е првиот ден од првиот уписен рок во средните училишта

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.