09.03.2018 - Обид за разбојништво е пријавен вчера во Тетово

Дваесет и тригодишниот А.С. од тетовското село Ѓермо, вчера ( 8 март ) околу 22 часот и 40 минути, пријавил обид за разбојништво, кое се случило околу 21 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово.Додека пешки се движел по улицата, му се доближиле и физички го нападнале три непознати лица, кои се обиделе да му ја одземат чантата, во која имал извесна сума парични средства.Но, А.С. им се спротивставил, по што еден од нив со метален боксирач го удрил по лицето и му нанесол видливи повреди, а откако паднал, тројцата веднаш избегегале, додека тој се обратил за лекарска помош во тетовската клиничка болница, информира СВР Тетово.

Од полицискиот билтен на СВР Тетово и информација за повредени две седумаесетгодишни девојчиња откако вон ив со автомобил удрел врсник од Пирок. Имено, вчера околу 15 часот и 30 минути, на Булевар „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „Голф“ со тетовски регистерски таблици, кое без дозвола го управувал 17 годишник од Пирок, удрил во две 17-годишни женски лица ( пешаци ) од Горно Палчиште и Голема Речица и го напуштило местото на несреќата.Од удирањето, двете малолетнички задобиле телесни повреди, со друго возило пренесени се во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, пуштени се на домашно лекување.Според првичните сознанија од извршениот увид, причина за несреќата е непропуштање пешаци на пешачки премин.

На паркинг пред угостителски објект на улица „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово, вчера ( 8 март ) околу 13 часот и 20 минути, пронајдено е патничкото возило „Тојота“ со тетовски регистерски таблици, кое претходниот ден беше одземено пред месарница на тетовскиот зелен пазар, информира СВР Тетово. Извршен е увид, а возилото предадено му е на сопственикот Р.Ј.( 57 ) од тетовско Ново Село.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.