12.02.2018 - Викендов два случаи на изгубени па пронајдени скијачи и планинари на Попова Шапка

По неколкучасовна потрага вчера успешно пронајдени шестемина скијачи кои се изгубиле на Попова Шапка. Двајца косовски и четворица македонски државјани околу 14.30 часот со жичница се искачиле на Церипашина и потоа се спуштиле по патеката Јелак, но поради густата магла залутале и се изгубиле во непознат шумски предел, некаде два километри северно од месноста Шипковачки бачила, над селото Вешала. Како исчезнати биле пријавени околу 17.30 часот, а во 21 часот биле понајдени живи и здрави.

Во потрагата учествувале Планинарската спасителна служба, Полицијата, пожарникарите и поединци. Инаку, ова е втор случај на изгубени лица на Шар Планина викендов. Во саботата, пак, беа спасени двајца француски планинари.

Александар Стојаноски, планинарски водич, вели дека превенцијата е најдобар начин за да се избегне несреќа. Имајќи предвид дека планината е непредвидлива, ако временските услови се лоши најдобро е да се откаже планираната активност, но доколку се случи да се изгубите, најважно е да се остане присебен и да се оставри комуникација со спасувачи.

Во неделата беа пронајдени безживотните тела на двајцата македонски планинари по кои од саботата се трагаше на Кајмакчалан. Спасувачките служби ги извлекоа телата, а се работи за маж и жена на 35 годишна и 25 годишна возраст, планинари кои биле во група од околу 50 лица во областа Агиос Атанасиос, Пела. Групата од неколку луѓе кои го искачувале врвот против имале разорен ветер од 150 километри на час и температура од минус 20 степени.

Данијела Билбилоска



 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.