11.02.2018 - Традиционална светосавска вечер во Тетово

Во организација на српската заедница во Македонија, регионален одбор Тетово, КУД Свети Сава вчера по повод празникот посветен на Светиот Сава се одржа светосавска вечер. Традиционално оваа вечер се организира секоја година по повод празникот веќе 25 години, а на неа присуствуваат голем број членови на здружението од Тетово, но и пошироко.
Вообичаено на прославата учествуваат гости и од Србија, а на вчерашаната светосавска вечер присуствуваше преставник од Собранието на Република Србија. Како што рече Иван Костиќ бидејќи денес го славиме Свети Сава може да се постави прашањето што тој и порачува на нашата генерација. Тој порачува дека треба да го сочуваме идентитетот, културата, обиаите. Тоа е она што Србите секаде може да ги претстваи во најубаво светло.

На вчерашана манифестација претседателот на регионален одбор Тетово на српската заедница во Македонија, Примислав Станојевиќ додели благодарници на истакнати членови и граѓани меѓу кои и на доктор од албанска националност кој учествувал во спасување на животи на српски граѓани.
Свети Сава или роден како Растко Немањиќ бил најмлад син на големиот жупан Стефан Неманиќ и прв српски архиепископ. Се изборил за самостојност на рашката архиепископија од Византија во 1219 гиодина со што ги поставил темелите на денешната Српска православна црква.



Прославата на празникот посветен на Свети Сава започна со настап на членовите на КУД Свети Сава, кои се претставија со традиционални ора.


На светосвавската прослава се пееше и на македонски и на српски јазик, а за доброто расположение на присутните се погрижија српските пеачи еда Марковиќ, хармоникашот Синиша Вичентијевиќ и ѕведата на Гранд продукција Немања тодоровиќ од Грачаница.


Светосавската вечер во пријатно расположение, песни и ора траеше до доцните вечерни часови.



Наташа Петровска

 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.