11.02.2018 - Нова операција за болните од артроза




За првпат во земјава ставена е протеза за замена на дел од колено. Како што објави весникот Нова Македонија, ортопедски тим на скопската градска болница „8 Септември“ на чело со д-р Јасмин Циривири и д-р Зоран Несторовски, поставил уникондиларна протеза на колено првпат во земјава. Со поставувањето на оваа протеза кај пациент бил заменет дел од коленото, наместо целото колено и е поштеден од неколкугодишни болки и медицински интервенции.

- Една година се подготвувавме за оваа операција. Бевме на подготовки во Германија, Италија и во Хрватска. Со оваа протеза се менува оштетен дел од ’рскавицата на коленото. Досега, кога пациент има проблем поради артроза, се чекаше целосно да се оштети рскавицата за да се постави целосна протеза. Тоа знае да трае две-три години. Во тој период тој има големи болки, добива инјекции во колено... Сега овие пациенти ќе имаат поквалитетен живот - објаснува д-р Циривири. Сега оваа операција ќе се изведува редовно, кај оние кај кои може да се направи, а е на товар на Фонд за здравствено осигурување т.е. на државата.

 
     


 
 
15.08.2018 - Ќе никне ли годинава импровизиран сточен пазар во Тетово?

15.08.2018 - Во сообраќајна незгода повреден 9-годишник од село Ларце

15.08.2018 - Православните верници вчера го чествуваа празникот посветен на Светите седум маченици Макавеи

15.08.2018 - Комуналните претпријатија во полошко немоќни да се справат со двојно повеќе смет фрлен од граѓаните летово

14.08.2018 - Отоврена прва фитнес зона во Гостивар

14.08.2018 - Шест месеци откако е на слобода, тетовецот Славчо Блажевски кој по 24 години беше пуштен од затвор, бара работа

14.08.2018 - Фудбалерите на Љуботен од вчера официјално започнаа со тренинзи на стариот стадион во Тетово

14.08.2018 - Непознато лице си купувало онлајн со пари на 40 годишна тетовка

13.08.2018 - Полицијата откри 32 годишен жител од Тетово како се забавува со огнено оружје.

13.08.2018 - 18 годишно момче од Скудриње се обидело да ја силува својата поранешна девојка

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.