10.02.2018 - 83 годишник во гостиварска Горна Бањица е најден мртов во куќата во која при увидот е констатирано дека имало и пожар

83-годишник вчера во 14 часот и 30 минути во селото Горна Бањица, гостиварско, бил пронајден мртов во куќата во која живеел. Од извршениот увид било утврдено дека во собата избувнал пожар при што бил опожарен дел од мебелот, а телото и дневната соба биле покриени со црнило. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Три лица се полесно повредени откако автомобил, повеќе пати се превртел на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови во близина на месноста Бунец. Околи 11 часот, автомобил „опел-корса“ со скопски регистерски ознаки, управуван од Ѓ. Н. (27) додека се движел кон Маврови Анови, изгубил контрола и се превртел неколку пати и застанал на покрив. Возачот и двајцата сопатници, биле пренесени во амбулантата во Маврови Анови каде било констатирано дека се полесно повредени. Возилото по незгодата е оштетено во поголема мера.


 
     


 
 
23.05.2018 - Полициски билтен

23.05.2018 - Свечена академија во пресрет на Денот на сесловенските просветители

23.05.2018 - ОЈО Тетово поднесе обвинение против 13 лица учесници во вооружениот инцидент во Мала Речица

23.05.2018 - Викендов ќе се одржи 37-то традиционално искачување на Титов Врв

22.05.2018 - Прослава на Свети Никола - летен во Доброште

22.05.2018 - Тетово повторно под вода

22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

22.05.2018 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи

21.05.2018 - Случаи на грип во Гостивар и во месец мај

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.