10.02.2018 - Мерење на аерозагаденоста во Гостивар

Мерењето на аерозагаденоста во Гостивар, особено во вечерните часови покажуваат повисоки вредности на ПМ10 Штетни честички од дозволеното. Лекарите велат дека загаденоста на воздухот е голем риизк на човековото здравје и фактор кој доведува до многу болести.

Од неодамна во Гостивар се мери квалитетот на воздухот, нивото на штетни честички и загаденоста. Иако од Министерството за животна средина рекоа дека ова се пробни мерења, кај граѓаните високите вредности што ги покажува мониторинг станицата, создаваат загриженост.

Се случува во вечерните часови, штетните ПМ10 честички да достигнат трипати поголема вредност од дозволеното, а во одредени денови и средните дневни вредности да се кренат над максимумот.

Лекарите велат дека аерозагадувањето е голем ризик за човековото здравје и фактор кој доведува до многу болести.

Причини за загадување на ваоздухот има многу, но како најглавни се наведуваат греењето на дрва и издувните гасови од возилата.

Неделата што изминува во Гостивар три дена имало надминување на средната концентрација на штетни ПМ10 честички.



 
     


 
 
30.11.2018 - Зимско одржување на патиштата

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

30.11.2018 - Светскиот тренд на предновогодишно фотографирање во професионално студио веќе неколку години го следат и тетовци

29.11.2018 - Етно вешта жена за Тетово за 2018 година

29.11.2018 - Три лица се повредени во сообраќајна незгода во тетовското село Синичане

28.11.2018 - Тетовци денес дишеа релативно чист воздух

28.11.2018 - Вработените во Општина Тетово во попладневните часови ги напуштија своите работни места.

28.11.2018 - 17-годишна девојка повредена, пак, повредена во сообраќајна незгода

27.11.2018 - Потсетување на гостиварските музичари Стеве Јаковлески и Боби Дојчинов

27.11.2018 - Каква титула би му дале на Тетово, потсетувајќи се назад низ годините?

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.