09.02.2018 - Следуваат информациите од денешниот полициски билтен

Вчера околу 10 часот и 45 минути, вработен во тетовската Брза помош пријавил дека на улица „Маршал Тито“ во Тетово интервенирале за да му укажат лекарска помош на 80-годишниот А.А. од тетовското село Мерово, кому наеднаш му се слошило.Меѓутоа, на пат за тетовската клиничка болница, А.А. починал, а неговото безживотно тело, без траги на насилство, предадено му е на семејството.

На автопатот Тетово-Скопје, вчера ( 8 февруари ) околу 19 часот и 40 минути, патничко возило „БМВ“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 34-годишниот тетовец Џ.С, удрило и усмртило куче, кое неконтролирано се движело по коловозот. Од удирањето во животното, две сопатнички во возилото Р.С.( 58 ) и З.С.( 29 ) задобиле телесни повреди, пренесени се во тетовската клиничка болница, укажана им е помош, З.С. е пуштена, додека Р.С. задржана е за натамошна опсервација.Причинетата материјална штета во оваа сообраќајна несреќа се проценува на 10 илјади денари.

Од СВР Тетово и информација за лишување од слобода на двајца велешани во Тетово. Имено, вчера околу 16 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово ги лишиле од слобода Н.Д.(26) и С.Д.(19) двајцата од Велес. Двете лица во отпад лоциран на улица „29 Ноември“ во Тетово се обиделе да продадат патничко моторно возило „Југо“ без регистерски ознаки и со фалсификувана сообраќајна дозвола, а кое претходно било одземено на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје. По лишувањето од слобода и нивното задржување во Полициската станица Тетово, утврдено е дека С.Д. се барал со централен распис за извршени тешки кражби. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Соња Стрезовски



 
     


 
 
23.05.2018 - Полициски билтен

23.05.2018 - Свечена академија во пресрет на Денот на сесловенските просветители

23.05.2018 - ОЈО Тетово поднесе обвинение против 13 лица учесници во вооружениот инцидент во Мала Речица

23.05.2018 - Викендов ќе се одржи 37-то традиционално искачување на Титов Врв

22.05.2018 - Прослава на Свети Никола - летен во Доброште

22.05.2018 - Тетово повторно под вода

22.05.2018 - 24 -годишник од Република Албанија заработи кривична пријава поради постоење основи за сторени кражби во џамија

22.05.2018 - Празникот Свети Никола летен, традиционално се празнуваше во црквата Свети Никола во Жилче

21.05.2018 - Во сообраќајни контроли евидентирани 29 алкохолизирани возачи

21.05.2018 - Случаи на грип во Гостивар и во месец мај

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.