10.01.2018 - Пешаци биле учесници во 80 сообраќајни незгоди на тетовското подрачје минатата година

Минатата ( 2017 ) година, во 80 сообраќајни несреќи на тетовското подрачје непосредни учесници биле пешаци. Две од несреќите завршиле со исто толку загинати лица, тешки телесни повреди задобиле 13 лица, а повреди од полесен карактер 68 лица. Или споредено со претходната ( 2016 година ), лани на ова подрачје намален е бројот на загинатите пешаци за 2, додека бројот на тешко и телесно повредените е на приближно исто ниво како во 2016 година.

Најголемиот број од минатогодишните несреќи со учесници-пешаци биле последица на неприлагодена брзина од возачите, односно недавање предност од нивна страна или поради невнимание на пешаците.

Имајќи предвид дека и на почетокот од годинава се случија неколку сообраќајни несреќи со повредени пешаци, Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите задолжително да им даваат предност на пешаците и да ги пропуштаат на пешаки премин. Зашто, во спротивно ќе се соочат со соодветни поднесоци и глоба која за ваков вид прекршок изнесува 300 евра во денарска противвредност.

На пешаците,пак, им се советува да не ги преминуваат улиците каде ќе стигнат, внимателно да се движат и да не се задржуваат на коловоз, посебно на крстосници, но и воопшто.
Глобите за нив, зависно од прекршокот, се движат од 35 до 45 евра во денарска противвредност.

Секторот за внатрешни работи Тетово минатата година спроведе 7 акциски контроли, во чие средиште беа пешаците, а организирани беа и 7 сообраќајни поуки за пешаците-прекршители.


 
     


 
 
16.01.2018 - Кривично ќе одговараат неколку лица кои физички нападнале други лица, или уценувале

15.01.2018 - Вчеравечер продолжи чествувањето на Василица во Копанце

15.01.2018 - Вчеравечер во Тетовско биле случени три сообраќајни незгоди

15.01.2018 - 40-годишен тетовец лажно се претставувал како полициски службеник

14.01.2018 - Кражба во соборниот храм "Свети Кирил и Методиј"

14.01.2018 - Празникот Василица традиционално прославен во Копанце

13.01.2018 - Тешка кражба е извршена во црквата Св. Атанасија во тетовското село Радиовце

13.01.2018 - Седум кривични пријави против исто толку физички и правни лица поднел Секторот за контрола и истраги во Царинската управа на Република Македонија до надлежните обвинителства

12.01.2018 - Татко пријавил 25 годишник дека го уценувал неговиот малолетен син

12.01.2018 - Од утревечер се очекуваат слаби врнежи од снег

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.