06.12.2017 - 20 сообраќајни незгоди бележи СВР Тетово на гостиварското подрачје за месец ноември

Во 11-от месец од годинава, на гостиварското подрачје се случиле вкупно 20 сообраќајни несреќи или 4 помалку од ланскиот ноември.Половина биле во населени места, а другата половина на отворен пат.Во нив, како и во ланскиот ноември, имало 1 човечка жртва ( пешак ), 2 од несреќите завршиле со 3 тешко повредени, 6 со 12 лесно повредени лица, додека во 11 причинета е само материјална штета, информира СВР Тетово.

Најмногу од несреќите, повторно се случиле на гостиварските улици, потоа регионалните патишта кон Градец и Чегране, магистралата Гостивар-Кичево, автопатот Гостивар-Тетово и на други сообраќајници на подрачјето.Најчести причини и во периодот за кој станува збор се: неприлагодена брзина ( 8 ), односно пребрзо возење, непочитување првенство на минување ( 2 ), друго ( 4 ), а во 4 несреќи учесниците го напуштиле местото.

Минатиот месец биле откриени 34 технички неисправни, 102 нерегистрирани возила, 2 возила со претовар, како и 111 лица без возачки дозволи и 31 возач-почетник. Според СВР Тетово, констатираните прекршоци во дваесетината акциски контроли и редовни ноемвриски активности, заокружени се со 370 прекршочни, 396 мандатни платни налози, со 5 времено одземени дозволи и 111 исклучени возила од сообраќај. Станува збор за возилата кои ги управувале лица без положен возачки испит и валидна дозвола за тоа.

Соња Стрезовски



 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.