06.12.2017 - Со нож и мала секира бил повреден гостиварец во спортска обложувалница

Гостиварец се здобил со убоди во рамото и рассекотини на главата и левата дланка откако се спротивставил на напаѓачот кој сакал да му го одземе мобилниот телефон и 100 евра. Настанот се случил вчера во спортска обложувалница на улица Тоде Богдановски во Гостивар каде Д.К. бил со неговиот другар РЈ а каде влегол Е.Н обидувајќИ се да му ги одземе наведените работи. Но, Д.К. му се спротивставил, а тогаш Е.Н. извадил нож и два пати го прободел во рамото, по што со мала секира го расекол на главата и левата дланка и го напуштил местото. На Д.К. укажана му е лекарска помош, се наоѓа надвор од животна опасност и пуштен е дома. Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Полицискиот билтен информира И за приведување на албанскиот државјанин 42 годишниот Л.Б кој непријавено престојувал на подрачјето. Приведувањето се случило вчеравечер околу 20 часот и 50 минути а албанскиот државјанин бил затекнат во казино на улица Видоја Смилевски-Бато во Тетово, кусо задржан е во Полициската станица Тетово, а потоа предаден е во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

СВР Тетово го открива и епилогот од вчерашните редовни контролни активности на тетовско-гостиварското подрачје. Имено биле откриени 10 нерегистрирани возила, 6 возачи без положен возачки испит, 4 возачи-почетници и 13 непрописно паркирани возила. Овие и другите прекршоци заокружени се со 18 прекршочни и 25 мандатни платни налози.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.