06.12.2017 - Во чест на Свети Климент Охридски членовите на ЗКУ Иљо Антески Смок одржаа приредба

Преку стихови посветени на Свети Климент Охридски, напишани од талентираните ученици, членови на Здружението за култура и уметност Иљо Антески Смок, денес беше истакнато значењето на овој македонски светец и ученик на светите Кирил и Методиј. Во пресрет на празникот во чест на Свети Климент, во салата на ОУ Лирија во Тетово денес се одржа пригодна приредба на која учениците имаа можност да уживаат во настапот на играорната секција при Здружението, која настапи со песни и ора од Македонија.

Свети Климент Охридски - Чудотворец е еден од најистакнатите ученици на светите браќа Кирил и Методиј и првиот македонски архиепископ. Творец е на познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог. Со својата активност и со своето дело на повеќе полиња, (црковно, просветно, книжевно ) тој стана заслужен не само за македонскиот народ туку и за целиот христијански свет.

Инаку празникот посветен на „Св.Климент Охридски”, на 8 декември во петок, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, според одлуката на Министерството за труд и социјална политика.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.