05.12.2017 - Локалниот пат Неготино Полошко - Ломница блокиран поради одрон

Сообраќајот на локалниот пат што ги поврзува полошките села Неготино и Ломница од синоќа е во прекин поради одрон од камења и земја кои паднале на коловозот. Локалните жители случајот го пријавиле во полиција, синоќа околу 20 часот.

Според информациите на СВР Тетово кај месноста „кисела вода“ на патот, во должина од дваесетина метри се срушила поголема количина на земјен нанос. Паѓањето на одронот го прекинал одвивањето на сообраќајот во двете насоки.

Денеска предпладне се преземаа активности за остранување на одронот и за воспоставување непречен и безбеден сообраќај на патот што ги поврзува овие две села.

Од утрово, екипи со механизација од општина Врапчиште се испратени на местото и работат на санирање на свлечиштето, а на терен се екипи на гостиварската Дирекција за заштита и спасување. По увидот ќе се направи проценка кога патот ќе биде расчистен и прооден.

Инаку, соообраќајот на државните патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места.

Слаб снег провејува на Страцин, Тетово, Делчево и Смојмирово.


 
     


 
 
17.12.2017 - Денеска е Св.Варвара

17.12.2017 - Од утре не очекува значително заладување на времето

17.12.2017 - Одржан Меморијалниот турнир во одбојка Бранко Хаџииљоски-Чајка

16.12.2017 - Непознато лице испукало два куршуми од огнено оружје во автомобил на тетовец

15.12.2017 - Со слики кои пленат, синоќа тетовскиот ликовен уметник Зоран Бошковски се престави пред скопската публиика

15.12.2017 - Во Тетово се одржа јавна дебата на тема граѓанско учество

15.12.2017 - Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово одбележа 20 години од постоењето

14.12.2017 - Тетовска полиција има регистрирано две сообраќајки

14.12.2017 - Кривична пријава за бесправно градење

14.12.2017 - Водата од тетовскиот водовод е исправна и безбедна за пиење

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.