05.12.2017 - Загрозување на сигурноста пријавил 65-годишен тетовец

65-годишен тетовец вчера околу 16 часот во полицијата пријавил загрозување на сигурноста од 40-годишник, исто така, од Тетово. Половина час пред тоа, кога излегол од зградата во која живеел, тој го забележал пријавениот со пиштол во раката, кој го вперил во него, а тој исплашен за својот живот веднаш почнал да бега. По кусо време, 40-годишникот на кого во меѓувреме му паднал пиштолот, влегол во блиското паркирано возило „Фолсфаген пасат“, во кое се наоѓале уште две лица и набрзина се оддалечил од местото, откако претходно кусо се расправал со братот на пријавителот околу нивни нерасчистени финансиски долгови. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на пријавеното.

Во сообраќајка во Гостивар повредени три лица, од кои едно потешко. Незгодата се случила вчера околу 12 часот, на улица „Беличица“ и во неа учествувале три патнички возила: „Ауди“ со гостиварски таблици, управувано од 24-годишен гостиварец „Сеат кордоба“, исто така, со гостиварски таблици, што го управувал 35-годишник од Гостивар и „Мерцедес“ со тетовски таблици, управуван од 53-годишник од Пирок.

Во незгодата, возачите на „Сеатот“ и „Мерцедесот“ , како и сопатникот на 35-годишна возраст од „Сеатот“ задобиле телесни повреди и со друго возило пренесени се во гостиварската болница. Укажана им е лекарска помош, двајца од нив пуштени се дома, додека возачот на „Сеатот“ префрлен е на скопските клиники. Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата, околностите и другите поединости. Првично, причина е неприлагодена брзина и недржење растојание, а вкупната материјална штета се проценува на 70 илјади денари.

Во полицискиот билтен на СВР Тетово и информација за приведена 29-годишна српската државјанка која го злоупотребила туристичкиот престој, односно престојувала на подрачјето спротивно на целта и го прекршила Законот за странци. Српската државјанка предадена е на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

58- годишник од гостиварското село Ломница, вчера околу 20 часот, пријавил дека на локалниот пат помеѓу Неготино-Полошко и Ломница, во месноста „Кисела вода“, паднал одрон од земја и камења во должина од 20-тина метри. Паѓањето на одронот го прекинал одвивањето на сообраќајот во двете насоки. Денеска предпладне се преземаа активности за остранување на одронот и за воспоставување непречен и безбеден сообраќај на патот што ги поврзува овие две села.

Данијела Билбилоска



 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.