04.12.2017 - Основното училиште во Вратница го одбележа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби



Основното училиште "Симче Настовски" во Вратница денес пригодно го одбележа Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, 3 декември. Учениците со посебни потреби кои учат во паралелаката во ова училиште имаа несекојдневна можност да погледнат магионичарска претстава на летечката театарска група од Тетово. Децата уживаа во шоуто од илузии кои ги изведуваа 12 актери. Дека уживаа во виденото и дека токму денес се почуствуваа особено важни и среќни можеше да се забележи од насмевките на лицата на секое од децата.
По повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, учениците од посебната паралелка денес во основното училиште "Симче Настовски" во Вратница ги посети градоначалникот на Општина Јегуновце Дарко Блажевски, кој им подари пригодни подароци, а претставници на Здружението Среќен Живот од Тетово ги израдуваа со играчки и материјали за работа.



Наташа Петровска

 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.