04.12.2017 - Продавањето односно купувањето и активирањето на петард на јавни места претставува законски прекршок за кој е предвидена глоба од 200 до 500 евра

На нецел месец до новодишните и повеќето јануарски празници, Секторот за внатрешни работи Тетово веќе ги засили контролните и други активности, кои се однесуваат на навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства.

Во тие рамки, односно со приоритетно превентивна цел, трговците, родителите и учениците, основци и средношколци, повторно се потсетуваат дека продавањето, односно купувањето и активирањето петарди на јавни места, на улица, во дворови, влезови на станбени згради и слично, претставува законски прекршок, за кој е предвидена глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност.Нивното набавување и дистрибуирање на пазарот во поголеми количини,пак, е кривично дело за кое предвидена е казна затвор од најмалку пет години.

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира, особено до учениците од основните училишта да се воздржат од набавување на вакви опасни „играчки“, кои често можат да предизвикаат и сериозни последици по нивното здравје, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото.

Полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово секојдневно ќе ги мониторираат и контролираат локациите на кои минатите години обично се нудеше разновидна пиротехника и пред се импровизираните тезги и киосци за продажба на новогодишни дребулии, кои деновиве почнаа да функционираат во централните подрачја на Тетово и Гостивар.Оние кои ќе бидат затекнати дека продаваат пиротехника ќе се соочат со поднесоци, без разлика на пронајдената количина и видот на средствата.

Соња Стрезовски

 
     


 
 
18.10.2018 - Засилени контролни активности на СВР Тетово

18.10.2018 - Група пријатели, на договорени средби ги пеат песните на нивните предци

18.10.2018 - Заеднички настап на музичар и ликовен уметник

18.10.2018 - Пронајдена марихуана во ранец и приведени две лица за поседување дрога

18.10.2018 - Започна третманот на бездомните кучиња во Гостивар

17.10.2018 - Освен по маратони, спортистите во Македонија трчаат и по спонзори

17.10.2018 - Во изминатото деноноќие полицијата бележи пукање со пиштол, разбојништво, физички напади и сообраќајка.

17.10.2018 - Се гради нова фабрика во ТИРЗ Тетово

17.10.2018 - Невработени лица завршија обука за столари и ѕидари

16.10.2018 - Ученици од основното училиште Андреа Савески Ќиќиш преку настан потсетија на Тоше Проески.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.