04.12.2017 - Тетово е на второто место по бројот на живородени во земјава

По бројот на живородени во земјава во третото тромесечие од 2017 година Тетово е на второто место, веднаш по главниот град Скопје. Според податоците на Државниот завод за статистика во летните месеци годинава: јули, август и септември се родиле вкупно 357 бебиња, од кои едно починало. Во овој период се бележи зголемување на бројката за 12 во однос на истиот период лани, кога имало 345 живородени.

Бројот на умрени лица, во третото тромесечие од годинава, бележи намалување за 5% во однос на истото тромесечие лани и изнесува 168 лица.

Природниот прираст изнасува 189 лица, што значи бројот на живородените деца е поголем за толку лица од бројот на умрени.

Со 233 склучените бракови во ова тримесечие, пак, Тетово е на третото место, по Скопје и Гостивар. Оваа бројка е за 30 повеќе во однос на истиот период лани.

Во третото тримесечие годинава, пак, регистрирани се 21 разведен брак, што претставува зголемување за 6 во споредба со истиот период од 2016 година.


 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.