14.11.2017 - Светски ден на дијабетесот




Во светот денес се одбележува Меѓународниот ден на дијабетесот, 14 ноември, сДен востановен во 1991 година од страна на Меѓународната Федерација за Дијабетес и Светската Здравствена Организација како одговор на растечката загриженост за сериозната закана по здравјето предизвикана од дијабетесот. 8.8% од населението во светот живее со дијабет, а во Македонија тој процент е загрижувачки и во 2017 година изнесува високи 12.2 што соодветствува на близу 200 илјади лица, или секој деветти возрасен човек во Македонија има дијабетес.

Во Тетово според податоците на Здружение на дијабетичари повеќе од 12 илјади граѓани се сочуваат со предизвиците на ова заболување, а 2.000 од нив имаат проблем со редовно снабдување со неопходниот инсулин.

Но освен редовно снабдување со инсулин, на дијабетичарите, а посебно на децата и нивните родители им е неопходна едукација и стрчна помош и поддршка. Во западните земји за дијабетичарите се грижи цел еден тим: ендокринолог, сестра, едукатор, како и диететичар. Дотолку повеќе што бројот на новооткриени случаи е се поголем. Зголемената појава на дијабетес тип 2 е резултат на забрзаното темпо на урбанизација, стареењето на популацијата, седечки начин на живот, зголемена телесна тежина, недоволна физичка активност и поголем внес на нездрава храна.

Според податоците на Меѓународната Федерација за дијабетес едно од 11 возрасни лица на возраст од 20 до 79 години во светот има дијабетес или тоа се 425 милиони луѓе. 1.106.500 деца и адолесценти на возраст до 19 години имаат дијабетес тип 1
До 2045 година, Меѓународната Федерација за дијабетес проценува дека едно од десет возрасни лица ќе има дијабетес или тоа се 629 милиони луѓе.

Во светски рамки половина од луѓето со дијабетес се недијагностицирани, односно не знаат дека имаат дијабетес. Стапката на дијагностицирани случаи може да се подобри со зголемена свесност за симптомите за дијабетес тип 1 како што се жед, зголемено мокрење, замор, ненадејно губење на телесна тежина, глад, но и со скрининг на лица со висок ризик за дијабетес тип 2, односно лица со напредна возраст, зголемена телесна тежина, ниско ниво на физичка активност и нездрава исхрана.


Наташа Петровска

 
     


 
 
21.11.2017 - Новиот мост на Пена може да предизвика поплави

21.11.2017 - Нови успеси за карате клубот Љуботен

21.11.2017 - Вчера во полошко полицијата ги контролирала возилата кои вршат јавен превоз на патници

21.11.2017 - 26-годишен тетовец пронајден мртов во неговиот двор

20.11.2017 - Пијан гостиварец украл возило и удрел со него во бандера

20.11.2017 - Спортски вести

20.11.2017 - Пожар во ноќен клуб во Жеровјане

19.11.2017 - Одбележани 73 години од ослободувањето на Тетово

19.11.2017 - Одземени 19.300 денари при разбојништво во тетовската обложувалница

18.11.2017 - 4 килограми марихуана пронајдена кај тетовец

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.