14.11.2017 - Од утре задолжително поседување зимска опрема во возилата

Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, од утре до 15 март идната година ќе се применува обврската за задолжително поседување и носење зимска опрема. За непосредување на ваква опрема предвидена е глоба од 45 евра во денарска противвредност.

Под зимска опрема за возила со дозволена маса која не надминува 3500 килограми се подразибира: зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од најмалку 6 милиметри или летни пневматици со длабочина на шарата од намлаку 4 милиметри, но и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други помагала. Зимската опрема за возила со погон на четири тркала ( 4 пати 4 ) се состои со зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од најмалку 6 милиметри.

За возилата со дозволена маса која надминува 3500 килограми, пак, зимската опрема ја сочинуваат: зимски пневматици на погонските тркала со длабочина од најмалку 6 милиметри, а автобусите и товарните возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала, треба да поседуваат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат ( лопата ).

Зимски пневматици се оние кои на бочната страна имаат ознака МС, М+С, М&С и знак на снегулка, стилизирана планина со три врва.

Инаку, забрането е поставување пневматици со клинци.


 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.