12.11.2017 - Поради движење на животни на автопат, се случиле 54 сообраќајки


Во десетте месеци од оваа година, на поширокото тетовско подрачје се случиле вкупно 54 сообраќајни несреќи предизвикани од животни, пред се од кучиња-бездомници. Како што соопшти СВр Тетово, најголемиот број од нив биле на тетовскиот дел од автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и завршиле без загинати или посериозно повредени возачи или сопатници во возилата.Но, затоа, пак, во секоја од несреќите причинета е материјална штета од 10 до 30, односно 40 илјади денари, зависно од возилото, силината на удирањето и други околности.
Најмногу од несреќите биле резултат, односно последица од неконтролирано движење на животните по коловозот, а поради негова необезбедност со соодветна ограда или на друг начин.Несреќите вообичаено се случувале во доцните вечерни или раните утрински часови, претежно во близина на клучките за Камењане, Групчин и на уште неколку други места.
Ваквите несреќи без исклучоци имале смртен исход по животните, освен во неколку во кои непосредни учесници биле коњи.
Имајќи го во вид податокот дека просечно годишно во Полог се бележат по над стотина сообраќајни несреќи со животни, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите на максимална внимателност кога се движат по автопатот, а до надлежните да превземат конкретни мерки да се спречи непреченото влегување на животните на коловозните ленти.Ова, дотолку повеќе што и натаму на повеќе места долж автопатот или воопшто ја нема или е значително оштетена заштитната жичана ограда.


Наташа Петровска

 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.