12.11.2017 - Жител на гостиварско повреден од огнено оружје



Вчера во 15.30 часот кај местото викано "Гропа" во гостиварското село Неготино, на 33 годишен жител на селото додека напасувал овци му дошол 37 годишен жител на село Чегране и по кратка расправија, чегранецот му доближил пиштол до десната шака и му испукал еден куршум, при што го ранил и потоа побегнал од местото на настанот - соопшти МВР. По укажаната лекарска помош во Медицински центар Гостивар, повредениот е пренесен во Медицински центар -Скопје на клиниката за пластична хирургија. Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Причината најверојатно е претходно извршен физички напад од страна на сега повредениот врз 39 годишниот брат на напаѓачот.

Од денешниот полициски билтен и информација за тешка кражба. Како што соопшти МВР, вчера во времето од 17.00 до 23.00 часот во Тетово на ул. „Браќа Миладинови“ во куќа сопственост на 40 годишен тетовец, непознати сторители извршиле тешка кражба, при што одзеле 700 евра, два ковчега во кои имало златен накит и бижутерија и кутија во која имало златен ѓердан. Имено, сторителите со употреба на сила и тврд погоден предмет насилно ја отвориле пластичната шибер балконска врата од приземјето, влегле внатре каде што извршиле пребарување и претурање во дневната, детската и спалната соба и ги одзеле наведените предмети. Причинета е материјална штета од околу 600.000 денари.

Наташа Петровска

 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.