21.10.2017 - Прва награда на натпревар за роботика за тетовски ученик



Марио Бојаровски, ученик на Средното стручно училиште "Моша Пијаде" Тетово освои прво место на интернационален натпревар за роботика Робомак 2017. Тој беше еден од 50 - те домашни и 30 - странски учесници кои по 6 дневната работилница за роботика ги одмерија силите во финален натпревар. Тимот на Марио беше распределен да изработи програма со која мал робот минува низ лавиринт за најкусо време.


На натпреварот за роботика Робомак 2017 годинава по 8 пат се одржа во просториите Факултетот за електротехника и информациски технолигии во Скопје, Средното стручно училиште "Моша Пијаде" Тетово учествува по 5 пат. Натпреварот е одлична можност за проверка колку учениците кои матурираат во училиштето се конкурентни во се подинамичниот свет на дигиталната технологија и вештачка интелегенција - вели професорот Небојша Трпковски.


И минатата година училиштето "Моша Пијаде" Тетово на интернационален натпревар за роботика Робомак освои прво место кога учествуваше во категоријата сумо во која два робота се борат помеѓу себе со цел едниот да биде исфрлен од рингот.

Целта на одржувањето на интернационалниот натпревар и работилница за роботика - РобоМац, е популаризација на роботиката и вештачката интелигенција меѓу студентите од Македонија и Европа преку практична работа од областа на роботиката и вештачка интелигенција и меѓусебна размена на знаења и искуства од оваа област помеѓу домашните и странските учесници

Наташа Петровска


 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.