21.10.2017 - 29 годишно лице исчезнало по пристигнувањето на аеродром





Во тетовската полиција било пријавено исчезнување на 29 годишно лице откако се симнало од авион. Како што соопшти МВР, вчера во 23.50 часот во Полициската станица Тетово, 57 годишен татко од Тетово пријавил дека на 19.10.2017 година околу 09.00 часот на аеродромот „Александар Велики“-Скопје, со авион од Сојузна Република Германија пристигнал неговиот 29 годишен син по што му се губи секаква трага. Пристигнувањето на лицето било потврдено од вработените на аеродромот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатиот.
Вчера во 16.10 часот во Полициската станица Тетово, 20 годишно момче од Добарце пријавило дека истиот ден околу 13.00 часот околу 10 непознати лица извршиле насилство врз него. Како што соопшти МВР, настанот започнал на вториот кат од трговскиот центар, кога непознато лице му се доближило и му рекло да не го бара повеќе на телефон и го повикало да излезе надвор да разговараат. Кога излегол на паркингот, непознатото лице веднаш физички го нападнало, удирајќи го со тупаница во пределот на главата. Во тој момент друго непознато лице го удрило со тврд предмет по главата, а набргу потоа им се приклучиле уште осум непознати лица кои го удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. После тоа, , 20 годишно момче од Добарце било пренесен во Клиничка болница Тетово, каде му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Наташа Петровска

 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.