19.10.2017 - ТВ Кисс е најгледана од медиумите кои емитуваат програма на македонски јазик во полошко






Од вкупно 5 регионални телевизии кои зрачат сигнал во радиодифуниот регион Попова Шапка, телевизија Кисс е втора по гледаност, по телевизија Коха. Или ТВ Кисс е најгледана од медиумите кои емитуваат програма на македонски јазик. Како што покажа истражувањето на Агенцијата за аудио и аудиовозиелни медиумски услуги, 59% од гледачите се Македонци, 32% се Албанци и 9% се од друга националност. Понатаму истражувањето за гледаноста на телевизиите во месеците јули август и септември покажа на нашата телевизија најмногу се гледаат Регионалните вести, а потоа забавната програма.Според податоците 51% од гледачите на телевизија Кисс се машки, а 59% женски. Најголем процент од испитаниците кои се изјасниле дека во текот на изминатата недела ја гледале програмата на нашата телевизија биле на возраст од 20 до 29, па потоа на возраст од 30 до 39 и од 10 до 19 години.

И Радио Кисс го држи високото второ место по слушаност од вкупно 5 радиостаници кои емитуваат сигнал во Тетово, односно процентуално е по радио Блета. Како што покажа истражувањето на Агенцијата за аудио и аудиовозиелни медиумски услуги, 60% од слушателите се машки, а 40% женски, најголемиот дел се на возраст од 30 до 39 години, а потоа од 10 до 19 години. Најголем процент од испитанците радио Кисс го слушаат дома, потоа во автомобил или автобус и на работа.

Агенцијата за аудио и аудиовозиелни медиумски услуги во своето истражување за гледаноста на телевизиите и слушаноста на радијата вклучи испитаници од општините Тетово, Гостивар Боговиње, Врапчиште, Теарце, Желино, Брвеница, Јегуновце и Маврово и Ростуша. Инаку вкупниот примерок на ниво на Македонија изнесувал 2400 испитаници, а бил репрезентативен по по пол, возраст и националност според податоците на Државниот завод за статистика од Попис на населението, домаќинставата и становите од 2012 година. Испитаниците биле интервјуирани телефонски во периодот од 10 до 20 часот со полуструктуриран прашалник, а потадоците се обработени анонимно и групно.


Наташа Петровска


 
     


 
 
25.09.2018 - Чист Хероин, збирката раскази на гостиварецот Дејан Крстески беше промовирана пред домашната публика

25.09.2018 - Реномираниот хор Кочо Рацин од Скопје утревечер ќе одржи концерт во Духовно-културниот концерт Кирил Пејчиновиќ во Лешок

25.09.2018 - Група млади гостиварци учат за мултукултурата и развиваат креативни идеи преку уметноста

25.09.2018 - Преку засилени контролни активности на СВР Тетово се контролира техничката исправност на возилата

25.09.2018 - Од вербална расправија до тепачка со мотика и кршење на излог на трговски објект во Гостивар

25.09.2018 - Ќе се ослободат ли тетовските тротоари од паркирани возила?

24.09.2018 - Во мавровското село Беличица, викендов беа одбележани 74 години од злосторот во кој настрадаа борците од третиот тетовски партизански одред

24.09.2018 - Тетово затрупан со смет

24.09.2018 - Кривични пријави за кражби поднел СВР Тетово против три државјанки на Бугарија кои краделе низ бутици

24.09.2018 - Контролни активности на СВР Тетово.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.