19.10.2017 - 525 евра за основните потреби за едно семејство во текот на месецот, објави Сојузот на синдикати на Македонија

За основните потреби на едно семејство за еден месец потребни се 32 316 денари, што е всушност вкупната вредност на синдикалната кошница во август годинава, која ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија. Граѓаните од семејниот буџет најмногу одвојуваат за храна и комуналии.

За храна во август се одвојувале 13.422 денари, за комунални трошоци 8.253 денари, а за опрема за куќа и одржување 2,197 денари. Според синдикалната кошница, одржувањето на личната хигиена во август чинело 980 денари, а одржувањето на хигиената во домот 1.244 денари. За превоз, месечно граѓаните трошеле 2.340 денари, а за облека и обувки 2.129 денари. Најмалку пари од семејниот буџет се одвојува за одржување на здравјето, односно околу 680 денари, како и за посета на културни манифестации, околу 1.070 денари.

Во анкета на ТВ Кисс тетовци велат дека трошоците за живот се многу големи, додека платите ниски, но некои од нив се задоволни од месечните примања во семејството.


Инаку, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2017, изнесува 22 671 денар. Во јули 2017 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не зеле плата.


Данијела Билбилоска




 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.