19.10.2017 - Пожар во викендичка во село Једоарце и две кражби бележи денешниот полициски билтен

Двата ката од викендичка во тетовското село Једоарце се изгорени во пожар случен вчера околу 18 часот и триесет минути од засега неутврдени причини. Од огнот зафатени биле и косилка, машина за пченка и сечење, како и апарат за прскање. Со интервенција на тетовските пожарникари, огнот е локализиран, додека причинетата материјална штета се проценува на околу 200 илјади денари. По извршениот увид се утврдува причината за избувнувањето на пожарот, околностите и сите други поединости.

Полицискиот билтен на СВР Тетово информира и за тешка кражба во куќа во Лазарополе извршена на седумнаесетти октомври помеѓу 9 и 18 часот. Кражбата ја пријавила шеесет и седумгодишната Љ.М. мајка на сопственикот на куќата. Според СВР Тетово, засега непознати сторители го скршиле стаклото од влезната врата, влегле внатре и од плакар во спалната одзеле ловечка пушка калибар 12 милиметри и трофеен пиштол, сопственост на нејзиниот сопруг. Со одземеното, незабележани од никого, ја напуштиле куќата, причинувајќи вкупна материјална штета која се проценува на 30 илјади денари.

Уште една кражба бележи полицискиот билтен на СВР Тетово. Имено, засега непознати сторители извршиле тешка кражба на трафостаница, сопственост на ЕЛЕМ - ХЕЦ „Маврово“, лоцирана во близина на браната во Леуново, а која вчера ( 18 октомври ) ја пријавил 47-годишниот М.П, вработен во ХЕЦ„Маврово“.Тие се искачиле на електричниот столб на кој била поставена трафостаницата од 50 киловолти, ги пресекле каблите, ја спуштиле на земја и откако ги демонтирале, ги одзеле бакарните елементи од истата, по што незабележани се оддалечиле од местото. По извршениот увид се расветлува пријавеното и се превземаат мерки и активности за откривање на сторителите.

На крајот од денешниот полициски билтен и епилогот од вчерашните контролни активности спроведени на поширокото полошко подрачје, кога биле откриени вкупно 60 различни видови сообраќајни прекршоци. Десет лица ги управувале возилата без положен возачки испит, 11 возила имале истечена регистрација, 3 биле погрешно паркирани и друго.Вчерашните прекршоци заокружени се со 43 прекршочни и 17 мандатни платни налози. Контролните активности со ваква цел и карактер ќе продолжат и во наредниот период, при што посебен акцент ќе им биде ставен на возачките дозволи, регистрацијата, брзината со која се движат возилата и престигнувањето.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.