18.10.2017 - Денес стартуваше вакцинацијата против грип

Започна сезонската имунизација на населението против вирусот на грип. Во Гостивар и во Тетово вакцинацијата се спроведува во службите на Центарот за јавно здравје. Таму утрово најбројни беа граѓаните од постарата генерација кои секоја година примаат вакцина за да се заштитат од грип.

Лекарите ја препорачуваат вакцината како најефикасна заштита од грипот, особено за ризичните групи кај кои вирусот може да предизвика посериозни здравствени проблеми.

Што се однесува до вакцинирање на најмладата популација, тоа може да се изведе само доколку е неопходно и по консултација со предијатар.

Имунизацијата на населението од гостиварскиот регион годинава ќе се спроведе со 1.200 дози на вакцина против грип. Вакцината чини 400 денари, пари кои граѓаните ги даваат од свој џеб.


 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.