17.10.2017 - Украдено возило на гостиварец и сообраќајна незгода бележи денешниот полициски билтен

Четириесет и петгодишниот гостиварец Г.Б, вчера наутро пријавил дека непознати сторители му го одзеле возилото „Фиат уно“ со гостиварски регистерски таблици, кое било паркирано на улица „Кеј Вардар“ во Гостивар.Возилото било заклучено и во него се наоѓале повеќе негови лични документи. Нешто подоцна, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар го пронашле возилото во кругот на училиштето „Иса Бег -медреса“ во Гостивар.
Извршен е комплетен увид и возилото му е вратено на сопственикот Г.Б, информриа СВР Тетово.

Денешниот полициски билтен информира и за сообраќајна незгода случена вчЕра околу 18 часот на крстосницата на улицата „Вонвардарска“ со регионалниот пат Тетово-Брвеница. Во неа учествувале две патнички возила со тетовски регистерски таблици: „Форд ескорд“ управуван од 22-годишната А.А. од Шемшово и „Мерцедес“, што го управувал 26-годишниот тетовец Б.Ш. Двајцата возачи се пожалиле на повреди, пренесени се во тетовската клиничка болница, Б.Ш. е пуштен, додека А.А. задржана е за натамошно лекување.
Според првичните сознанија од увидот, СВР Тетово информриа дека причина за несреќата е непочитување првенство, а вкупната материјална штета се проценува на 80 илјади денари.


Соња Стрезовски


 
     


 
 
21.11.2017 - Новиот мост на Пена може да предизвика поплави

21.11.2017 - Нови успеси за карате клубот Љуботен

21.11.2017 - Вчера во полошко полицијата ги контролирала возилата кои вршат јавен превоз на патници

21.11.2017 - 26-годишен тетовец пронајден мртов во неговиот двор

20.11.2017 - Пијан гостиварец украл возило и удрел со него во бандера

20.11.2017 - Спортски вести

20.11.2017 - Пожар во ноќен клуб во Жеровјане

19.11.2017 - Одбележани 73 години од ослободувањето на Тетово

19.11.2017 - Одземени 19.300 денари при разбојништво во тетовската обложувалница

18.11.2017 - 4 килограми марихуана пронајдена кај тетовец

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.