10.10.2017 - Во масовна тепачка повредени се 5 лица од кои две со тешки телесни повреди

Во масовната тепачка биле користени метални прачки, боксирачи и ножеви. Подебелиот крај го извлекле двајца ученици од Врапчиште, на возраст од 16 и 17 години

Тие се здобиле со убодни рани нанесени од нож во грбот и градите. Состојбата на едниот малолетник била многу критична. Тој изгубил многу крв. И двајцата веднаш биле однесени во гостиварската болница, но поради сериозноста на повредите, пренесени се во Клиничкиот центар во Скопје. Моментално и двајцата се надвор од животна опасност.
Учениците кои ги затекнавме пред Средното економско училиште во Гостивар , велат дека во училишниот двор и во неговиот круг, често пати има инциденти. Не се чустуваат сигурни

Прва изјава ученик од економско училиште превод - „Беа многу лица. Имаше и поголеми луѓе кои не се ученици. Ова не е прв пат што се случуваат овие работи. Имаше и повредени“.„Бидејќи се случуваат овие работи не се чувствуваме сигурни.

Втора изјава – превод ученик од економско училиште - Се работи за девојка, не знам конкретно детали но еден маж почна со реакцијата. Му удри на еден ученик шамар. Едниот можеше да почине загуби многу крв“

Во Тепачката со полесни повреди се здобиле и две лица од Чегране и едно од Врапчиште. На тројцата им била пружена помош во гостиварската болница, по што биле пуштени на домашно лекување.

Според СВР Тетово, причина за тепачката се меѓусебни недоразбирања на дел од учесниците, кои претходно на шести овој месец, но и пред една година, физички се пресметувале. Овој пат како што тврдат дел од учениците, инцидентот настанал поради девојка.

Досега се идентификувани 5 лица од Врапчиште и три од Чегране, кои се сомничат дека учествувале во тепачката. Разговарано е со нив во полициската станица во Гостивар. СВР Тетово работи на целосно расветлување на сите поединости поврзани со случајот.


 
     


 
 
21.10.2017 - Прва награда на натпревар за роботика за тетовски ученик

21.10.2017 - 29 годишно лице исчезнало по пристигнувањето на аеродром

19.10.2017 - ТВ Кисс е најгледана од медиумите кои емитуваат програма на македонски јазик во полошко

19.10.2017 - 525 евра за основните потреби за едно семејство во текот на месецот, објави Сојузот на синдикати на Македонија

19.10.2017 - Пожар во викендичка во село Једоарце и две кражби бележи денешниот полициски билтен

18.10.2017 - Денес стартуваше вакцинацијата против грип

18.10.2017 - Објавени се податоците за бројот на советници кои партиите ќе ги имаат во Советите на општините

18.10.2017 - Полициски билтен

18.10.2017 - Пребрзо возење најчеста причина за сообраќајки годинава

17.10.2017 - Украдено возило на гостиварец и сообраќајна незгода бележи денешниот полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.