10.10.2017 - Свечeн собир во Гостивар во пресрет на 11 Октомври

Во пресрет на празникот 11 Октомври, Денот на народното востание и Денот на борецот, во Гостивар денес се одржа свеченост на која присуствуваа граѓани, ученици, претставници од политичките партии, здруженија и организации. Прославата традиционално ја организираше општинскиот одбор на Сојузот на борци – Гостивар, а за културно-уметничкиот дел од програмата беа задолжени основците од училиштето „Гоце Делчев“.

За историската димензија и значењето на празникот пред присутните зборуваше професорот по историја Горан Павловски.

Учениците заедно со своите наставници ментори подготвија рецитации посветни на татковината, борбата за слобода и вредностите кои се негуваат во Македонија.

Во знак на почит кон загинатите борци во борбите за слобода на Македонија беа положени букети цвеќе на споменикот подигнат во нивна чест во градскиот парк во Гостивар.


 
     


 
 
17.12.2017 - Денеска е Св.Варвара

17.12.2017 - Од утре не очекува значително заладување на времето

17.12.2017 - Одржан Меморијалниот турнир во одбојка Бранко Хаџииљоски-Чајка

16.12.2017 - Непознато лице испукало два куршуми од огнено оружје во автомобил на тетовец

15.12.2017 - Со слики кои пленат, синоќа тетовскиот ликовен уметник Зоран Бошковски се престави пред скопската публиика

15.12.2017 - Во Тетово се одржа јавна дебата на тема граѓанско учество

15.12.2017 - Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово одбележа 20 години од постоењето

14.12.2017 - Тетовска полиција има регистрирано две сообраќајки

14.12.2017 - Кривична пријава за бесправно градење

14.12.2017 - Водата од тетовскиот водовод е исправна и безбедна за пиење

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.