10.10.2017 - Пешак од Вешала повреден во сообраќајна незгода во Тетово

Вчера околу 12 часот и 40 минути, на улица „Мурат Бафтијари“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици, управувано од 37-годишник од Сараќино и пешак, 38-годишен жител на Вешала. Во несреќата, пешакот задобил телесни повреди, со друго возило пренесен е во тетовската клиничка болница и по укажаната помош, задржан е за натамошно лекување. Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за несреќата, околностите и другите поединости. Првично, причина е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење.

На улица „Благоја Тоска“ во Тетово, вчера ( 9 октомври ) од засега неутврдени причина избувнал пожар во патничко возило „Фиат пунто“ со тетовски регистерски таблици, сопственост на 63-годишен тетовец. Огнот најпрво пламнал во предниот дел на возилото кое било во движење, а потоа брзо се проширил. Со интервенција на тетовските пожарникари, пожарот целосно е локализиран. Извршен е увид, додека причинетата материјална штета се проценува на околу 60 илјади денари.



 
     


 
 
17.12.2017 - Денеска е Св.Варвара

17.12.2017 - Од утре не очекува значително заладување на времето

17.12.2017 - Одржан Меморијалниот турнир во одбојка Бранко Хаџииљоски-Чајка

16.12.2017 - Непознато лице испукало два куршуми од огнено оружје во автомобил на тетовец

15.12.2017 - Со слики кои пленат, синоќа тетовскиот ликовен уметник Зоран Бошковски се престави пред скопската публиика

15.12.2017 - Во Тетово се одржа јавна дебата на тема граѓанско учество

15.12.2017 - Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово одбележа 20 години од постоењето

14.12.2017 - Тетовска полиција има регистрирано две сообраќајки

14.12.2017 - Кривична пријава за бесправно градење

14.12.2017 - Водата од тетовскиот водовод е исправна и безбедна за пиење

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.