09.10.2017 - Полициски билтен

На крстосницата на улиците „Браќа Ѓиновски“ и „Никола Парапунов“ во Гостивар, вчера околу 12 часот се случила сообраќајна несреќа во која учествувале: патничко возило „Поло“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од 64 годишен гостиварец и моторцикл „Џонвеј“, исто така, со гостиварски таблици, што без возачка дозвола го управувал 19 годишен гостиварец, соопшти СВР Тетово. Во судирот, моторциклистот задобил тешки телесни повреди и со медицинско возило пренесен е во гостиварската болница, а по укажаната помош, итно е префрлен на скопските клиники.
Вчера околу 3 часот и 30 минути, на регионалниот пат Тетово-Волковија, патничко возило „Голф“ со тетовски таблици, управувано од 23 годишен жител на Блаце, загубило контрола и излетало од коловоз. Како што соопшти СВР Тетово, од излетувањето, возачот задобил телесни повреди, пренесен е во тетовската болница, од каде е префрлен на скопските клиники. Причина за излетувањето, според првичните сознанија од увидот, е неприлагодена брзина, а материјалната штета се проценува на 150 илјади денари.
Вчеравечер околу 21 часот и 30 минути, на крстосницата на улиците „Видоја Смилевски-Бато“ и „Браќа Миладинови“ во Тетово, засега непознато возило налетало и удрило во 25 годишен пешак од скопски Грчец и веднаш го напуштило местото, соопшти СВР Тетово. Повредениот пешак со медицинско возило пренесен е и задржан во тетовската клиничка болница за натамошно лекување. Причина и за оваа сообраќајна несреќа е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење.
Вчера , во периодот помеѓу 18 и 21 часот, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во куќата на 53 годишен тетовец лоцирана на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, соопшти СВР Тетово. На неутврден начин влегле во куќата, ги исклучиле безбедносните камери кои биле поставени во дворот, целосно ги пребарале двете спални на катот и од регал одзеле 600 евра и 4000 денари, а од фиока во комода одзеле 7 женски часовници и 10 комплети бижутерија. Со одземеното, најверојатно преку споредната врата, ја напуштиле куќата, противправно стекнувајќи се со вкупна имотна корист која се проценува на 88.000 денари, а причинетата материјална штета се проценува на 2000 денари. Извршен е увид и се превземаат мерки и активности за расветлување на пријавеното и откривање на сторителите.
Како што соопшти СВР Тетово вечерта помеѓу 7-ми и 8-ми овој месец, непознати сторители извршиле тешка кражба во куќата на 57 годишен гостиварец лоцирана на улица „Лазар Лазаревски“ во Гостивар. Откако насилно ја отвориле пластичната влезна врата, целосно ги пребарале сите простории, од кои одзеле: 1 телевизор, рутер, 2 рачни часовници, 2 јакни , очила за сонце и повеќе парчиња разновидна бижутерија. Вкупната имотна корист со која противправно се стекнале во оваа кражба се проценува на 60.000 денари, додека материјалната штета изнесува 3000 денари. По извршениот увид се работи на откривање на сторителите.





Наташа Петровска


 
     


 
 
21.10.2017 - Прва награда на натпревар за роботика за тетовски ученик

21.10.2017 - 29 годишно лице исчезнало по пристигнувањето на аеродром

19.10.2017 - ТВ Кисс е најгледана од медиумите кои емитуваат програма на македонски јазик во полошко

19.10.2017 - 525 евра за основните потреби за едно семејство во текот на месецот, објави Сојузот на синдикати на Македонија

19.10.2017 - Пожар во викендичка во село Једоарце и две кражби бележи денешниот полициски билтен

18.10.2017 - Денес стартуваше вакцинацијата против грип

18.10.2017 - Објавени се податоците за бројот на советници кои партиите ќе ги имаат во Советите на општините

18.10.2017 - Полициски билтен

18.10.2017 - Пребрзо возење најчеста причина за сообраќајки годинава

17.10.2017 - Украдено возило на гостиварец и сообраќајна незгода бележи денешниот полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.