08.10.2017 - Во алкохолозирана состојба жител на Сараќино пукал во воздух

32 годишен жител од Сараќино вчера е приведен во Полициската стаиница Тетово откако во алкохолизирана состојба испукал неколку десетици куршуми во воздух во дворот на семејната куќа. Како што соопшти МВР, вчера околу 20,00 часот 32 годишен жител на село Сараќино во дворот на семејната куќа во алкохолизирана состојба, а по негово кажување од лични причини односно револтираност и депресивност испукал околу 100 куршуми во неодреден правец од пиштол марка „Црвена застава„ Крагуевац калибар 9мм долга деветка, кој го поседувал без одобрение. Увид на лице место е извршен од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи -Тетово, при што во тревникот од дворот и кај просторот на влезот од приземјето на повеќе локации пронајдени се 50 чаури калибар 9 мм долга деветка пиштолска муниција, додека во дневната соба од приземјето, пронајден е еден куршум кал.9 мм долга деветка, како и пиштол кој по посочување на осомничениот е пронајден во внатрешноста од сунѓераст наслон на двосед од гарнитура. Од рацете на осомничениот обезбедени се фолии за барутен тест, како и комплет од крв и урина, истиот е лишен од слобода и задржан во просториите на СВР-Тетово за расчистување на случајот. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.



Наташа Петровска


 
     


 
 
17.12.2017 - Денеска е Св.Варвара

17.12.2017 - Од утре не очекува значително заладување на времето

17.12.2017 - Одржан Меморијалниот турнир во одбојка Бранко Хаџииљоски-Чајка

16.12.2017 - Непознато лице испукало два куршуми од огнено оружје во автомобил на тетовец

15.12.2017 - Со слики кои пленат, синоќа тетовскиот ликовен уметник Зоран Бошковски се престави пред скопската публиика

15.12.2017 - Во Тетово се одржа јавна дебата на тема граѓанско учество

15.12.2017 - Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово одбележа 20 години од постоењето

14.12.2017 - Тетовска полиција има регистрирано две сообраќајки

14.12.2017 - Кривична пријава за бесправно градење

14.12.2017 - Водата од тетовскиот водовод е исправна и безбедна за пиење

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.