09.10.2017 - Апел на СВР Тетово до возачите

Наглото опаѓање на температурите, особено во раните утрински и доцните вечерни часови, како и повремената магла на поширокото тетовско-гостиварско подрачје, покрај другото, уште повеќе ја наметна потребата од внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на коловозот. Зашто, токму поради неприлагодена брзина, влажен и лизгав коловоз и непочитување на сообраќајните знаци деновиве се случија десетина сообраќајни несреќи со телесни и тешки повреди и со значителна материјална штета.
Поради тоа, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите и посебно до оние со помало искуство, непотребно да не брзаат и доследно да се придржуваат на ограничувањето на брзината, да не престигнуваат на недозволени места и да избегнуваат конзумирање алкохолни пијалаци, секогаш кога се или планираат да бидат зад волан. Во спротивно, на „пребрзите“ возачи ќе им се изготвуваат поднесоци и ќе се соочат со глоба која се движи од 10 до 400 евра во денарска противвредност, зависно од тоа - колку и каде ја пречекориле дозволената брзина, но и со времена мерка-одземање на возачката дозвола од 3 до 12 месеци.
Законски предвидената глоба за непрописно престигнување,пак, изнесува од 20 до 300 евра со времена мерка, исто така, од 3 до 12 месеци. Возачите кои ќе ги управуваат своите возила под дејство на алкохол ги очекува глоба од 200 до 375 евра во денарска противвредност и времено одземање на дозволата во траење од една година. Секторот за внатрешни работи Тетово, исто така, препорачува возачите кои ќе сообраќаат по долината на Радика да внимаваат на одрони од камења, кои обично се случуваат по побилни дождови и позначителни температурни разлики.



Наташа Петровска


 
     


 
 
17.12.2017 - Денеска е Св.Варвара

17.12.2017 - Од утре не очекува значително заладување на времето

17.12.2017 - Одржан Меморијалниот турнир во одбојка Бранко Хаџииљоски-Чајка

16.12.2017 - Непознато лице испукало два куршуми од огнено оружје во автомобил на тетовец

15.12.2017 - Со слики кои пленат, синоќа тетовскиот ликовен уметник Зоран Бошковски се престави пред скопската публиика

15.12.2017 - Во Тетово се одржа јавна дебата на тема граѓанско учество

15.12.2017 - Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово одбележа 20 години од постоењето

14.12.2017 - Тетовска полиција има регистрирано две сообраќајки

14.12.2017 - Кривична пријава за бесправно градење

14.12.2017 - Водата од тетовскиот водовод е исправна и безбедна за пиење

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.