07.10.2017 - Падна првиот снег на планините



Првиот снег падна утрово на планините во Македонија. Снежна покривка од околу 1 сантиметар се формира на скијачките центри Попова Шапка и Маврово. Инаку, денеска времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и над 20 литри на метар квадратен, претежно во западните делови. На планините над 1500 м.н.в. ќе има и врнежи од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер, на моменти до 70 км/ч.
Како што информираа од Управата за хидрометеоролошки работи утринските температури беа релативно ниски односно во Маврово измерена е температура од еден степен под нулата, а во Тетово 4 степени. Врнежите во запаадните делови од земјава беа пообилни 15 литри на метар квадратен наврна во Маврово, а 22 литри на метар квадратен во Тетово.
Во повисоките предели на делови од Србија и Босна и Херцеговина од ноќеска паѓа снег, кој предизвикува проблеми во нормалното одвивање на сообраќајот. Во останатите делови на Балканот преовладува претежно дождливо време
Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи , од недела следува период на стабилно и суво време со постепен пораст на дневната температура.


Наташа Петровска
.

 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.