12.08.2017 - 60-годишна тетовка вчера починала откако и се слошило движејќи се низ градот

Откако и се слошило, 60-годишна тетовка починала. Вчера во 17,45 часот во СВР Тетово од Интерно Одделение при Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив била донесена почината 60-годишна жителка на Тетово. Од извршените проверки утврдено е дека на починатата, движејќи се пеш по улица "Ѓорче Петров", и се слошило и паднала на тротоарот. Од страна на минувачи дадена и е помош, но истата не давала знаци на живот. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

Вчера во 19,00 часот во Полициска станица Гостивар пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на превојот "Стража" над клучката за с.Сретково дошло до опожарување во движење на патничко моторно возило "Рено Скеник" со литваниска национална ознака, управувано од 33-годишник од Р. Украина. Пожарот настанал поради дефект на тркало. Во возилото како сопатници биле неговата сопруга, две малолетни деца и роднина. Патниците во возилото не се повредени, но со екипа на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински центар Гостивар. Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарна единица Гостивар. Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар.




 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.