12.08.2017 - Општина Тетово прва по склучени бракови


Општина Тетово од сите општини во Македонија, минатата година била прва по бројот на склучени бракови. Во споредба со 2015 година, лани во тетовско се зголемил бројот на формирани брачни заедници. Според податоците на Државниот завод за статистика во 2016 година во општина Тетово биле склучени 698 бракови. Од нив 64 бракови биле склучени со партнер од друга држава, најмногу од Германија. Во минатогодишните склучени бракови 7 од партнерите биле над 60 годишна воздраст, а во два од браковите партнерките биле над 60 годишна возарст.

Понатаму според податоците на Државниот завод за статистика во општина Желино биле склучени 256 бракови. 234 брачни заедници лани биле склучени во општина Боговиње, 165 во општина Брвеница. Во општина Брвеница 17 бракови биле склучени со партнер од друга држава, најмногу од Хрватска. Во општина Теарце во 2016 година биле склучени 160 бракови, а од нив 20 биле склучени со партнер од друга држава, најмногу од Швајцарија. Најмалку бракови во тетовско лани според податоците на Државниот завод за статистика биле склучени во општина Јегуновце, 73.

Од сите општини во Македонија, општина Тетово во 2016 година била прва и по бројот на разведени бракови. Според податоците на Државниот завод за статистика мината година биле раскинати 117 брачни заедници, што е за 29 повеќе од 2015 година. 7 од браковите во општина Тетово биле раскинати по 1 година заеднички живот, а 11 по 25 години заеднички живот.

Понатаму втора општина во тетовско по бројот на разведени бракови е општина Желино со 48 разводи. По неа следи општина Теарце со 30 разводи, 22 разводи имало во општиа Брвеница, 13 во општина Боговиње и најмалку раскинување на брачна заедница имало во општина Јегуновце 11.

За среќа лани бројот на разведени бракови во тетовско бележи тренд на намалување во однос на годината пред тоа. Имено според податоците на Државниот завод за статистика во 2016 година имало 241 развод, а во 2015 година 245 разводи. Во тетовско брачните партнери најчесто с еразведувале по 5 до 9 години брак, партнерот најчесто бил на возраст од 40 до 49 години, додека за парнерката немало правило. При разводот најчесто партнерите немале деца или биле со две деца.

Наташа Петровска

 
     


 
 
20.08.2017 - Проблемот со дивата депонија ги мачи тетовци цели 15 години

17.08.2017 - 5 повредени лица е билансот на две сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден

17.08.2017 - Додека снаата била во бањата кратци украле златен накит вреден речиси 37 000 евра во куќа во Боговиње

17.08.2017 - Полицијата ќе ги отстранува хаварисаните возила оставени на јавни сообраќајници или зелени површини

17.08.2017 - Успешен старт на фудбалери на Тетекс во Купот на Македонија

16.08.2017 - Детското игралиште во Жена парк спроти Спортскиот центар во Тетово полека но сигурно го губи својот сјај

16.08.2017 - Ниту едно одобрение за градба не е издадено во месец јуни во Тетово

16.08.2017 - Обука за невработени лица

15.08.2017 - Чествување на празникот посветен на светите Макавеи во тетовското село Глоѓи

14.08.2017 - Температурните разлики изминативе два дена ги зголемија интервенциите на екипите на Брзата Помош Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.