10.08.2017 - За 280 деца е надминат капацитетот на објектите на градинката Младост во Тетово од мајскиот уписен рок до сега

Цело лето објектите на градинката Младост во Тетово згрижуваа деца, сега веќе се подготвени со полн капацитет да почнат со работа од први септември како и останатите образовни институции. Со дозвола на Советот на општина Тетово веќе е надминат дозволениот број на запишани деца, а се очекува дека во втората половина на месецов интересот ќе биде поголем. Предност на згрижување ќе имаат децата со целодневен престо.

На објектот Поток ќе се прават поголеми реконструктивни зафати поради што децата од тука ќе бидат префрлени во објектот кај Спортски центар. Со цел подобрување на условите во градинките, на нив се работело цело лето.

И понатаму ќе функционира таканаречената меѓу смена за родителите чии деца имаат потреба од престој во градинка од 10 до 19 часот.

Капацитетот на сите објекти на градинката Младост е околу 500 деца а до сега се запишани околу 800, заедно со децата од Центрите за ран детски развој бројката достигнува до 1080 деца.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
16.07.2018 - Игоре куќа во село Туденце

16.07.2018 - Дваесет и седумгодишник од село Требош бил нападнат од жител на истото село.

16.07.2018 - Потребен е Локален акциски план за сите приоритетни области од Стратегијата за Роми во општина Теарце

15.07.2018 - Кражба во црквата во Луковица

15.07.2018 - Родителите за да препознаат дали нивното дете конзумира дрога треба да знаат да ги "прочитаат" промените во однесувањето

15.07.2018 - Прослава во Тетово

15.07.2018 - На албански државјанин му се губи трагата веќе три недели

14.07.2018 - Тетовската полиција денес инфомираше за повредени лица кои паднале во бездна во Галичник

13.07.2018 - Група од десеттина лица со безбол палки нападнале двајца тетовци вчера на улица во Тетово

13.07.2018 - Инфосесија на програмата на Европската унија "Креативна Европа" во Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.