11.08.2017 - Петнаесетина пожари беснеат низ Македонија

Веќе трета недела беснеат пожари низ Македонија. Во Тетовско-полошкиот плански регион според информациите на Региопналниот центар за управување со кризи, пожарот над с.Копанце, општина Јегуновце е активен, но на доста мала површина. Гори сува трева и ситна деградирана шума. За разлика од претходните денови, моментално пожарот е со многу намален интензитет и засега нема опасност од проширување.
Пожарот во с.Гургурница, општина Брвеница, пак, исто така е активен, зафатена е сува трева, пасишта и ситна шума. ЕЛС Брвеница имаат упатено барање до ДЗС за интервенција од воздух.

Се уште е активен и пожарот кој започна кај новите градски гробишта во близина на манастирот Трескавец во Прилеп, информира Центарот за управување со кризи. Оттаму велат дека во текот на вчерашниот ден пожарот се обновувал во неколку наврати и во близина на манастирот Трескавец, каде постојано дежура цистерна и една група од ангажираните пожарникари и работници.

Активни пожари има во општина Македонски брод, во село Грешница и во село Растеш. Пожарот во атарот на село Волче е активен, но таму нема сили на теренот.

Се уште гори и во кичевско, на Бистра планина е активен пожар во кој горат пасиште, сува трева и смрека.Опожарената површина е високо на планината и е тешко пристапна за интервенции. Во повардарскиот регион има пожари во општина Чашка. Во општина Прилеп сè уште е активен пожарот во село Никодин и настанато е спојување со пожарот од Велес.

Поради непристапниот терен, засилениот ветар и високата температура, повторно е разгорен кон с.Крушевица.


Соња Стрезовски


 
     


 
 
21.10.2017 - Прва награда на натпревар за роботика за тетовски ученик

21.10.2017 - 29 годишно лице исчезнало по пристигнувањето на аеродром

19.10.2017 - ТВ Кисс е најгледана од медиумите кои емитуваат програма на македонски јазик во полошко

19.10.2017 - 525 евра за основните потреби за едно семејство во текот на месецот, објави Сојузот на синдикати на Македонија

19.10.2017 - Пожар во викендичка во село Једоарце и две кражби бележи денешниот полициски билтен

18.10.2017 - Денес стартуваше вакцинацијата против грип

18.10.2017 - Објавени се податоците за бројот на советници кои партиите ќе ги имаат во Советите на општините

18.10.2017 - Полициски билтен

18.10.2017 - Пребрзо возење најчеста причина за сообраќајки годинава

17.10.2017 - Украдено возило на гостиварец и сообраќајна незгода бележи денешниот полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.