08.08.2017 - Заладување во недела



Топлотниот бран што ја зафати Македонија ќе трае до петок. Според прогнозата на УХМР во сабота поладне ќе има преодно наоблачување, а во недела ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 10 тина степени


Инаку согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи територијата на целата држава е зафатена со високи температури од портокалова фаза. Министерството за здравство препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар. На работодавците им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.

За граѓаните од целата држава потсетуваме дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности и хигиенски начин на подготовка на храната.
На хронично болните лица се препорачува редовно земање на препишаната терапија, а при појава на било каков здравствен проблем да го контактираат својот матичен лекар.



Наташа Петровска

 
     


 
 
21.10.2017 - Прва награда на натпревар за роботика за тетовски ученик

21.10.2017 - 29 годишно лице исчезнало по пристигнувањето на аеродром

19.10.2017 - ТВ Кисс е најгледана од медиумите кои емитуваат програма на македонски јазик во полошко

19.10.2017 - 525 евра за основните потреби за едно семејство во текот на месецот, објави Сојузот на синдикати на Македонија

19.10.2017 - Пожар во викендичка во село Једоарце и две кражби бележи денешниот полициски билтен

18.10.2017 - Денес стартуваше вакцинацијата против грип

18.10.2017 - Објавени се податоците за бројот на советници кои партиите ќе ги имаат во Советите на општините

18.10.2017 - Полициски билтен

18.10.2017 - Пребрзо возење најчеста причина за сообраќајки годинава

17.10.2017 - Украдено возило на гостиварец и сообраќајна незгода бележи денешниот полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.