11.08.2017 - Тетово без вода



На температура на воздухот од 40 степени целзиусови без доволно вода во чешмите, вака тетовци живеат во летниот период веќе две децении. Овие денови граѓаните се принудени да се снаоѓаат како знаат и умеат затоа што освен официјалната ноќна рестрикција со траење од 2.5 часа, во некои населби вода нема и во текот на денот, а во повеќето населби се жалат дека нема доволен притосок на водата.

Тетовци се во исчекување на новиот градски водоснабдителен систем, кој најверојатно ја има најдолгата историја на градење. Некои се оптимисти, некои се песимисти дека конечно ќе се реши нагорливиот проблем на градот. Како што најави градоначалничката Теута Арифи наскоро до чешмите на граѓаните треба да дотечат дополнителни 200 литри вода во секунда.


Пред само еден месец во градскиот водовод имаше доволно вода за пиење. Низ цевките протекуваа 450 литри во секунда. Но, тогаш од Јавното комунално претпријатие Тетово, предупредија дека големи количини вода за пиење неконтролирано и нерационално се трошат на полевање зелени површини, улици и тротоари. Општината се уште не најде механизам за да го спречи или санкционира таквото несовесно однесување на одредени граѓани.


Сега како што не информираа од работаната единица Водовод и канализација низ цевките на градскиот водовод протекуваат 290 литри вода во секинда и дополнителни 50 литри вода во секунда од три активирани бунари, што не е доволно за задоволување на зголемените потреби на градот од вода за овој период. Штедроста на изворите е на најниско ниво.

Топлото време и многу високите температури, жителите на Тетово, особено оние во погорните делови на градот, ги потсетува на мачниот живот без доволно вода. Долги години пиеја отстоена наместо свежа вода, се бањаа со вода од шишиња стоплена на сонце, переа и на рака зашто еден час колку што имаше вода во нивните чешми не беше доволен за работа на машината за перење алишта.

Наташа Петровска

 
     


 
 
17.12.2017 - Денеска е Св.Варвара

17.12.2017 - Од утре не очекува значително заладување на времето

17.12.2017 - Одржан Меморијалниот турнир во одбојка Бранко Хаџииљоски-Чајка

16.12.2017 - Непознато лице испукало два куршуми од огнено оружје во автомобил на тетовец

15.12.2017 - Со слики кои пленат, синоќа тетовскиот ликовен уметник Зоран Бошковски се престави пред скопската публиика

15.12.2017 - Во Тетово се одржа јавна дебата на тема граѓанско учество

15.12.2017 - Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово одбележа 20 години од постоењето

14.12.2017 - Тетовска полиција има регистрирано две сообраќајки

14.12.2017 - Кривична пријава за бесправно градење

14.12.2017 - Водата од тетовскиот водовод е исправна и безбедна за пиење

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.