08.08.2017 - Се уште има активно пожари на повеќе локации низ земјава

И натаму гори сува трева и нискостеблеста шума низ Македонија. Регионалниот центар за управување со кризи Тетово, информира дека пожарот над с.Туденце кон складот на АРМ, Еребино и с.Сиричино, со помош на хеликоптерите, мештаните, ЈП Макаедонски Шуми и ТППЕ Тетово е ставен под контрола но не е целосно локализиран.

Пожарот во близина на с.Гургурница со помош на хеликоптерите, мештаните, ЈП Макаедонски Шуми и ТППЕ Тетово исто така е локализиран, но истиот се шири кон с.Здуње опш.Македонски Брод.
На гостиварското подрачје, пожарот кај м.в. Фазанерија е под целосна контрола. Интервенирале од ТППЕ Гостивар, ЈП Македонски Шуми и група мештани. Пожарот во с.Корито е локализиран и нема информации и барања од граѓаните за интервенции .

Инаку, како што е веќе познато во Тетово е намален притисокот во водоснабдувањето преку денот, така што повисоките делови од градот се без вода и по цел дел, додека во ноќните часот се воведени рестрикции во водоснабдувањето и тоа од 00:30 до 03:00 часот.

Соња Стрезовски


 
     


 
 
21.10.2017 - Прва награда на натпревар за роботика за тетовски ученик

21.10.2017 - 29 годишно лице исчезнало по пристигнувањето на аеродром

19.10.2017 - ТВ Кисс е најгледана од медиумите кои емитуваат програма на македонски јазик во полошко

19.10.2017 - 525 евра за основните потреби за едно семејство во текот на месецот, објави Сојузот на синдикати на Македонија

19.10.2017 - Пожар во викендичка во село Једоарце и две кражби бележи денешниот полициски билтен

18.10.2017 - Денес стартуваше вакцинацијата против грип

18.10.2017 - Објавени се податоците за бројот на советници кои партиите ќе ги имаат во Советите на општините

18.10.2017 - Полициски билтен

18.10.2017 - Пребрзо возење најчеста причина за сообраќајки годинава

17.10.2017 - Украдено возило на гостиварец и сообраќајна незгода бележи денешниот полициски билтен

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.