08.08.2017 - Со црковно народен собир, денес во патрониот храм во Туденце, беше одбележан празникот Света Петка

И годинава, традиционално во Туденце не изостана одбележувањето на православниот празник, посветен на Преподобна маченичка Параскева - Света Петка.

Чествувањето започна со Света богослужба во патрониот храм Света Петка во селото. Туденчани со години го одбележуваат денешниот ден, селската црква е преполна уште од раните утрински часови, се палат свеќи за телесно и духовно здравје, се принесуваат дарови во чест и слава на Света Петка. Света Петка е родена во Рим, воспитувана од своите родители во вистинска благочестива вера, во светото православие.

Мештаните од дамнина ги почитуваат црковните обичаи и традиции, така што празникот го одбележуваат и како црковна и како селска слава.

Да се биде кум на прославата на патрониот празник на Туденце, Света Петка е голема чест за секој верник. Се верува дека кумството носи мир и благосостојба во семејството на оној на кого ќе му се падне паричката во кумскиот колач.

Во Туденце на овој ден доаѓаат гости од Тетово и околните села. Годинава на денешниот празник присуствуваа и голем број иселеници од Америка, кои воедно дошле за осветувањето на манастирот Свети Горѓи Победоносец.

Традицијата во овој сакрален објект кој датира уште од 1904 на овој празник да се збира православниот свет од тетовско, според кажувањата на постарите трае од дамнина. Како што доликува на секој црковно народен собир така и овој не помина без братско сестринската трпеза на љубовта, кои за верниците ја приредија црквата, населението во соработка со годинешните кумови и спонзорите.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
17.12.2017 - Денеска е Св.Варвара

17.12.2017 - Од утре не очекува значително заладување на времето

17.12.2017 - Одржан Меморијалниот турнир во одбојка Бранко Хаџииљоски-Чајка

16.12.2017 - Непознато лице испукало два куршуми од огнено оружје во автомобил на тетовец

15.12.2017 - Со слики кои пленат, синоќа тетовскиот ликовен уметник Зоран Бошковски се престави пред скопската публиика

15.12.2017 - Во Тетово се одржа јавна дебата на тема граѓанско учество

15.12.2017 - Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово одбележа 20 години од постоењето

14.12.2017 - Тетовска полиција има регистрирано две сообраќајки

14.12.2017 - Кривична пријава за бесправно градење

14.12.2017 - Водата од тетовскиот водовод е исправна и безбедна за пиење

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.