06.08.2017 - Се освети манастирската црква Свети Георгиј во Туденце

На голем црковно-народен собир во тетовско Туденце со света литургија беше осветена новоизградената манастирска црква посветена на св. Георгиј Победоносец. Со литургијата чиноначалствуваа митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф, митрополитот на европската епархија, г. Пимен , американско канадскиот владика г. Медотиј и ставрофорен протоереј Синиша Ристевски - архиерејски намесник при црквата Рождество Христово во Детроит во сослужение на свештенослужители од тетовското архиерејско намесништво.

Црквата треба да ни биде центар на нашиот живот. Секој човек а особено ние Христијаните треба со почит да се однесуваме кон храмот И ко неа. Поминуваме ли покрај црква, треба да погледнеме кон божјиот дом, да се прекрстиме или барем да испратиме молитвена мисла кон него, за значењето на светиот храм беседеше тетовско-гостиварскиот владика, г. Јосиф.

Изградбата на овој храм и целиот манастирски комплекс се направени со донации од лу”е кои потекнуваат од овој крај. Изработен е фресцоживопис, изградени се помошни објекти, камбанерија и Фонтана, уреден е и дворот.

По цели пет години макотрпна работа, горди сме на она што го постигнавме, и ова а нас е голем ден, вели Душко Крстевски, претседател на црковниот одбор на село Туденце.

Денешниот свечен ден за туденчани беше збогатен со крштевска во манастирската црква на малечката Меланија Лена Панчевска.

Храмот Свети Георгиј Победоносец се наоѓа на месноста Бучало и потекнува од 6 век а возобновен на патрониот празник Ѓурѓовден на мај 2012 година. Црквата има два влеза, големиот кој е и главен на западната страна и малиот на јужниот дел. На северната страна од објектот е пронајдена крштилница, а откриена е и мермерна пластика во олтарот. Црквата е изградена на старите темели врз основа на проект изработен од Благоја Стојковски, виш конзерватор во Националниот конзерваторски центар. Има површина од 130 квадратни метри.

Соња Стрезовски

 
     


 
 
20.08.2017 - Проблемот со дивата депонија ги мачи тетовци цели 15 години

17.08.2017 - 5 повредени лица е билансот на две сообраќајни незгоди случени во текот на вчерашниот ден

17.08.2017 - Додека снаата била во бањата кратци украле златен накит вреден речиси 37 000 евра во куќа во Боговиње

17.08.2017 - Полицијата ќе ги отстранува хаварисаните возила оставени на јавни сообраќајници или зелени површини

17.08.2017 - Успешен старт на фудбалери на Тетекс во Купот на Македонија

16.08.2017 - Детското игралиште во Жена парк спроти Спортскиот центар во Тетово полека но сигурно го губи својот сјај

16.08.2017 - Ниту едно одобрение за градба не е издадено во месец јуни во Тетово

16.08.2017 - Обука за невработени лица

15.08.2017 - Чествување на празникот посветен на светите Макавеи во тетовското село Глоѓи

14.08.2017 - Температурните разлики изминативе два дена ги зголемија интервенциите на екипите на Брзата Помош Тетово

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.