07.08.2017 - Се уште е активен пожарот над село Туденце и истиот се шири во правец на караулата Еребино и село Сиричино

Пожарот во делот над село Туденце е активен и истиот се шири во правец на караулата Еренбино и село Сиричино. Со пожарот е зафатена ниска шума и сува трева. Се уште е активен И големиот пожар над село Гургурница, ова се најновите информации од терен на Територијалната противпожарна единица Тетово. Според командирот Ука Алити, станува збор за сосема непристапни предели како за нивната механизација така и за пожарникарите.

Останува апелот за поголема внимателност на гра”аните, зашто токму човечкиот фактор е главниот причинител на пожари.

Инаку, вчера било интервенирало со хеликоптер со 4 до 5 налети над територијата на општина Јегуновце, во селата Сиричино, Туденце и Копанце на пожарот на отворен простор кој се шири кон Жеден.

Соња Стреовски


 
     


 
 
17.12.2017 - Денеска е Св.Варвара

17.12.2017 - Од утре не очекува значително заладување на времето

17.12.2017 - Одржан Меморијалниот турнир во одбојка Бранко Хаџииљоски-Чајка

16.12.2017 - Непознато лице испукало два куршуми од огнено оружје во автомобил на тетовец

15.12.2017 - Со слики кои пленат, синоќа тетовскиот ликовен уметник Зоран Бошковски се престави пред скопската публиика

15.12.2017 - Во Тетово се одржа јавна дебата на тема граѓанско учество

15.12.2017 - Асоцијацијата за демократски развој на Ромите Сонце од Тетово одбележа 20 години од постоењето

14.12.2017 - Тетовска полиција има регистрирано две сообраќајки

14.12.2017 - Кривична пријава за бесправно градење

14.12.2017 - Водата од тетовскиот водовод е исправна и безбедна за пиење

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.