16.07.2017 - Едно лице рането во расправија во угостителски објект

35 годишник од тетовско Гајре синоќа 20 минути по полноќ, бил застрелан со огнено оружје во левата потколеница. Тој по укажаната помош во тетовската болница, пуштен е на домашно лекување.

Инцидентот се случил во кафулето Бар Код во центарот на Тетово. Повредениот во кафулето работел како обезбедување, а во него пукал 40 годишник од Мала Речица, која бил дојден со пријатели на забава во кафулето, информираат од Минситерството за внатрешни работи.

Напаѓачот најпрвин вербално и потоа физички го нападнал обезбедувањето, откако тие остраниле девојка од кафулето која го нарушила јавниот ред и мир.

Обезбедувањето за неколку минути го совладале лицето од Мала Речице и го остраниле од кафулето. Тој бил соборен на земја, но во истиот момент извадил пуштол кој го поседувал без дозвола испукал еден куршим во воздух а потоа уште еден во во ногата на вработениот од обезбедувањето. Напаѓачот е приведен во полициската станица во Тетово. СВР Тетово и Јавен обвинител имаа извршено увид, подигнати се траги за вештачење. Се работи на целосно расветлување на случајот.

Ова е втор инцидент со употреба на огнено оружје во Бар Код, отако лани во месец април Едно лице почина а пет беа повредени во вооружениот престрелка во истото кафуле

Полицијата регистрираше уште еден случај каде е повредено лице со огнено оружје. Вчера околу 18 часот од заталкан куршум во десното рамо повредена е 57 годишна жена во двор во куќа во село Сараќино. Таа била однесена веднаш во тетовската болница каде по укажаната помош пуштена е на домашно лекуавње


 
     


 
 
25.09.2017 - КУД "Кирил Пејчиновиќ" од Теарце учествуваше на манифестацијата "Сребрен казан"

25.09.2017 - Седум годишно девојче пешак и велосипедист се повредени во две сообраќајки на подрачјето на Тетовско и Гостиврско

23.09.2017 - Ден на гравот во тетовско Теарце

23.09.2017 - На гостиварското подрачје регистрирани се две сообраќајни несреќи со повредени

23.09.2017 - Жител на гостиварска Горна Бањица пријавил дека бившото момче на неговата ќерка злоупотребувал нејзини фотографии

23.09.2017 - In Memoriam-Љубиша Љубо Павловиќ

23.09.2017 - Ин Мемориам-Љубиша Љубо Павловиќ

22.09.2017 - Нови бандери за улично осветлување во Тетово

22.09.2017 - На боксерска ревија во Гевгелија ќе настапи боксер на тетовскиот бокс клуб Шкендија

22.09.2017 - Кражба "тешка" околу 79 илјади денари случена завчера во куќа во Гостивар

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.