12.07.2017 - Нови садници на Градското дрво во Тетово





Украдените садници од зелениот билборд во Тетово наменет за прочистување на воздухот, денес се заменети со нови. Здружението Еко Свест со дополнителни мрежи ќе го заштитува градското дрво од несовесните граѓани.



Некои граѓани се во заблуда дека една садница во нивниот дом го прочистува воздухот. Садниците се ефикасни само ако се во здружена функција, на начин како што го замислил конструкторот на овој иновативен проект. Затоа секое несовесно вадење на садници од инсталацијата повеќе придонесува за штета на сметка на чистиот воздух во градот, отолку што може да донесе корист за чист водух во домот на одредени семејства.


Зелениот билборд наречен Градско дрво е вертикална конструкција направена од мов, висок е 4 метри, а широк 3 метри и со длабочина од 60 сантиметри. Претставува комбинација од специфични култури на мовови со васкуларни растенија кои јадат ситна прашина, азотни оксиди и озон, а имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглерод диоксид годишно притоа заменувајќи 275 вистински дрвја.

Во Тетово и Скопје се поставени со финансиска помош на Германската амбасада во Скопје, со посредство на Невладината организација Еко Свест. Овие зелени билборди се веќе поставени во поголемите градови низ светот како што се Берлин, Дрезден, Париз, Осло, Хонг Конг.



Наташа Петровска

 
     


 
 
26.04.2018 - Иднината на македонските земјоделци и сточари е прозиводство на органска храна

26.04.2018 - Во две одделни сообраќајки повредени тројца малолетници

26.04.2018 - Екипата на Секторот за внатрешни работи Тетово е првак во Институционална футсал лига

26.04.2018 - Семејна драма во Теново, сопругот ја тепал сопругата и ќерката

26.04.2018 - Советот на Општина Тетово ја одржа петтата седница

26.04.2018 - Младите гостиварски каратисти беа дел од Македонската репрезентација на Светското првенство во Истанбул,Турција

26.04.2018 - Почнувајќи од денес, утре и задутре, тетовските занаетчии имаат можност да го посетат саемот на најпознатите производители на рачни и електрични алати

25.04.2018 - Во плафон пукал пијан жител на Брвеница

25.04.2018 - Над шеесетина најразлични видови прекршоци на тетовското подрачје бележи СВР Тетово евидентирани само во текот на вчерашниот ден

25.04.2018 - За две години тројца тетовци оболеле од маларија, еден починал

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.