11.07.2017 - 32-годишна скопјанка силувана во продавница во Тетово

Триесет и двегодишна скопјанка, инаку со престојувалиште во Тетово, вчера наутро пријавила силување кое се случило претходната вечер околу 22 часот и 30 минути во трговски објект на улица „Илинденска“ во Тетово, а што го извршил осомничениот 31-годишник од Тетово.

Според кажувањето на скопјанката, таа влегла во продавницата и од пријавениот побарала запалка, а тој веднаш ја заклучил влезната врата и заканувајќи и се со нож и скалпел, кои ги држел во рацете, најпрво ја удрил по главата, ја соборил на подот, ја влечел за косата, физички ја малтретирал, по што и ја соблекол облеката и во два наврати извршил полови дејствија. Осомничениот се обидел да и ја одземе и чантата, во која имала извесна сума пари и други предмети, а потоа ја отклучил вратата низ која таа набрзина излегла, повикала такси-возило и се упатила во Полициската станица Тетово.

Пријавениот за кусо време лишен е од слобода, задржан е во Полициската станица Тетово и во координација со јавен обвинител, со соодветен поднесок изведен е пред судија на претходна постапка во Основиот суд Тетово, кој му определил мерка притвор од 30 дена.

Вчера околу 16 часот и 30 минути, во водите на реката Темишница, на излезот од тетовското село Брвеница, во месноста „Горна корија“, пронајден е мртов 79-годишен тетовец, кој на први овој беше пријавен како исчезнат. Го пронашле неговиот син и уште две други лица, а бидејќи теренот за извлекување на безживотното тело бил непристапен, ангажирани се и тетовските пожарникари. Извршен е комплетен увид, со учество на јавен обвинител, екипа од СВР Тетово и лекар по судска медицина и при тоа на телото не се пронајдени траги на насилство, додека по наредба на јавниот обвинител ќе се врши обдукција.

Во полицискиот билтен на СВР Тетово и информација за нарушување со јавниот ред и мир со пукање од гасен пиштол кое го извршил 29-годишник од гостиварска Долна Бањица, ноќеска околу 2 часот. Нарушувањето, кое го пријавил 33-годишен гостиварец, се случило на улица „Живко Брајковски“, во близина на угостителски објект, каде било паркирано негово возило „Сеат ароса“ со гостиварски регистерски таблици, а во кое подоцна пронајден е гасниот пиштол „Екол специјал 990“, калибар 9 милиметри и една празна рамка. Бањичанецот приведен е во Полициската станица Гостивар, разговарано е со него и подоцна е пуштен. Се расчистуваат сите поединости поврзани со овој случај и ќе следи поднесок.


 
     


 
 
20.02.2018 - Патот Порој - Ѓермо се уште е блокиран со наноси од камења и земја

20.02.2018 - Апел на СВР Тетово за внимателно возење поради појава на голомразица

20.02.2018 - Две сообраќајки се случиле вчера во тетовско

20.02.2018 - Полицијата пронашла оружје кај жител на Горно Седларце

20.02.2018 - За прв пат во рамки на седмиот скијачки меморијал Стеве Илиески Караѓуле се одржа натпревар во сноубординг велеслалом за деца

19.02.2018 - Во јануари пријавен втор случај на мали сипаници во Тетово

19.02.2018 - Пораснал бројот на издадени одобренија за градби во полошко

19.02.2018 - Сообраќајка на автопатот Скопје Тетово со 5 повредени лица

19.02.2018 - За сторени 9 кражби во црквите изминатиот период се осомничени двајца малолетници и еден 18-годишник

19.02.2018 - Две излетувања на возила од коловоз завршиле со пет повредени лица, од кои две се пренесени на скопските клиники.

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.