15.05.2017 - Празникот посветен на Свети Атанасиј Летен денес се чествуваше и во патроната црква во тетовски Требош

Празникот Свети Атанасиј денес со црковно-народен собир се прослави во тетовски Требош. Во патроната црква света литугија отслужија отец Дарко Наумовски и отец Мирко Станкоски, по што беа прережани кумските колачи, а паричките ги одредија кумовите за следната година.

Деновите кога се празнува Свети Атанасиј зимен и Свети Атанасиј летен се повод на едно место да се сретнат роднините и некогашните соседи. Традицијата за собирање на исселените жители на ова село по повод празниците и понатаму опстојува.

За присутните верници годинешните кумови приредија братско-сестринска трпеза на љубовта. Прославата на празникот со песни и ора продолжИ до доцните попладневни часови.

Данијела Билбилоска


 
     


 
 
25.09.2017 - КУД "Кирил Пејчиновиќ" од Теарце учествуваше на манифестацијата "Сребрен казан"

25.09.2017 - Седум годишно девојче пешак и велосипедист се повредени во две сообраќајки на подрачјето на Тетовско и Гостиврско

23.09.2017 - Ден на гравот во тетовско Теарце

23.09.2017 - На гостиварското подрачје регистрирани се две сообраќајни несреќи со повредени

23.09.2017 - Жител на гостиварска Горна Бањица пријавил дека бившото момче на неговата ќерка злоупотребувал нејзини фотографии

23.09.2017 - In Memoriam-Љубиша Љубо Павловиќ

23.09.2017 - Ин Мемориам-Љубиша Љубо Павловиќ

22.09.2017 - Нови бандери за улично осветлување во Тетово

22.09.2017 - На боксерска ревија во Гевгелија ќе настапи боксер на тетовскиот бокс клуб Шкендија

22.09.2017 - Кражба "тешка" околу 79 илјади денари случена завчера во куќа во Гостивар

     
   
     

 
Архива на вести
 
година
     
  месец  
   
     
 
       
  Текстовите кои се објавени смеат да се пренесат на други медиуми само со договор или со наведување дека потекнуваат од оваа интернет страница.